Сто и деветнаесет години од Крушевската република и 78 години од Првото заседание на АСНОМ се одбележуваат денеска на 2 Август – Денот на Републиката.
Со Илинденското востание и Крушевската република во 1903, а потоа и на вториот Илинден – Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, беа поставени столбовите на Републиката и на државноста.
Годинава, 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, се одбележува под слоганот „Илинден – нашата сила за иднината“.
Во Крушево денеска, на одбележувањето, се случи инцидент пред интонирањето на македонската химна.
Граѓаните започнаа да викаат УА, УА, додека пак владиниот претставник посочи дека граѓаните треба да се вратат на своите места.
Во продолжение погледнете како изгледаше тоа: