Жителите на Грачаница денеска го блокираа главниот пат Приштина-Гњилан што минува низ ова место и бараат уапсениот Драгиша Миленковиќ итно да биде ослободен. Еден млад човек е повреден кога автомобил ја прегазил ногата за време на блокадата.
Повредениот млад човек со возило на Брза помош е пренесен во болницата во Грачаница.
Граѓаните во моментов направија круг и постојано го минуваат пешачкиот премин, возилата се пренасочуваат по споредните улици.