Свет

ВИДЕО Изгоре популарен ресторан во Малибу

ВИДЕО Изгоре популарен ресторан во Малибу

Познат ресторан покрај пат во Малибу е уништен од пожар. Рел Ин, рибен ресторан со 36-годишна традиција на автопатот Пацифик Коуст, изгоре околу 16 часот, пишува Малибу Тајмс. Во соопштението објавено на Инстаграм, сопствениците Теди и Енди Леонард изразија тага и неизвесност за иднината.

Срцето ни е скршено и не знаеме што ќе остане од се“, велат тие и додаваат: „Се надеваме дека државните служби ќе ни овозможат обнова кога ќе се смири ситуацијата“.

Сопствениците потврдија дека сите вработени се безбедни.

Според извештаите, Рил Ин бил зафатен од пламен откако пожарот го преминал кањонот Топанга во доцните попладневни часови. Малибу тајмс го опишува како „незаменлив дел од автопатот на брегот на Пацификот со децении“ и омилено собиралиште за локалното население и за туристите.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни