Неколку дена јавноста слуша и гледа како функционери – паразити од власта на СДСМ земале плати по стотици илјади евра во еден мандат во услови на економска криза, обвинува Кристијан Јакимовски од Единствена Македонија на денешната прес-конференција.
Денес, на конкретен начин ќе ја покажеме и другата страна на оваа ненародна власт, преку неморалноста, алчноста и нечовечноста на паразитското раководство на МВР. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, неговиот заменик Назим Буши, државната секретарка Магдалена Несторовска и директорот за Биротот за јавна безбедност Сашо Тасевски, го допреа дното, изјави Јакимовски.
Овие лица, со најтесниот круг вработени во нивните кабинети со промена на колективниот договор си обезбедија бесплатно јадење и пиење во министерскиот ресторант во МВР, додава тој.
„За разлика од нив, десетици илјади вработени во МВР, вклучително и полицајците кои секојдневно на терен се соочуваат со големи опасности, сами од сопствен џеб си ја плаќаат храната во текот на работното време.
Спасовски и раководството во МВР имаат плата од 70 до 90.000 илјади денари а полицајците околу 25.000 денари. Наместо полицајците да добиваат бесплатна храна во текот на работното време, бесплатно јадење и пиење добива врвот на МВР. Спасовски и раководството на МВР без грам морал продолжува да се луксузира врз грбот на даночните обврзници. На грбот и потта на народот си обезбедуваат бесплатно јадење и пиење. Барем да сработија нешто корисно, бидејќи нивните активности се на антимакедонска основа. Живееме во време кога МВР ги третира Македонците во народ од втор ред во сопствената држава. А што може да се очекува од една марионетска власт која плива во безаконие, криминал, корупција и национално предавство.
Раководството на МВР се врв на паразити меѓу кадрите од СДСМ. Ова лудило, забеганост и неморал мора да запре. Мора да се воспостави системот на чесни и политичари. Единствена Македонија нема да стои на страна и заедно со народот мора да го дадеме одговорот“, изјави Јакимовски.