Животот во најтешкото опкружување на Антартктикот е прилагодлив и разновиден, за разлика од тоа што се мислеше досега.
Случајното откритие на морскиот живот на карпите под антарктичкиот мраз, го отвора прашањето за нашите досегашни разбирања – како организмите можат да живеат во опкружување далеку од сончевата светлина, пренесува „New Scientist“.
Тимот научици пробушил 900 метри дебела ледена плоча и спуштил камера во дупката во потрага по кал на морското дно. На нивно изненадување, камерата открила карпа која што ја опкружувале животните.
