Балкан

ВИДЕО: Косовскиот главен преговарач со Белград гаѓан со торта и милкшејк – активистите му порачаа: Масовно ќе бараме оставка!

ВИДЕО: Косовскиот главен преговарач со Белград гаѓан со торта и милкшејк – активистите му порачаа: Масовно ќе бараме оставка!

АКТИВИСТИ на вонпарламентарната Социјалдемократска партија на Косово (ПДС) фрлаа чоколадна торта и милкшејк кон вицепремиерот задолжен за дијалог со Белград, Бесник Бислими.

Џемајл Реџа на Твитер објави видео од „нападот на тортата“ на кое се гледаат активисти како фрлаат парчиња торта на Бислими пред влезот на зграда додека извикуваат „честитки за Заедницата на српските општини“, пренесува Klix.ba.

„Торта и милкшејк за „заедницата“. Тие што го прифатија се радуваат! А ние, граѓаните на Косово, ќе се спротивставиме и масовно ќе бараме нивна оставка“, му порачаа активистите.

Бесник Бислими е вицепремиерот на Косово, Албин Курти и еден од водечките луѓе на косовската страна во преговорите меѓу Приштина и Белград.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни