На социјалните мрежи беше објавен видео запис во кој непознато лице во центарот на Скопје вербално напаѓа и навредува кинески државјани.
Додека лицето ги снима и навредува од непосредна близина, тие молчеливо гледаат во своите телефони и не реагираат.
„Коронавирус, еј го ту Кина, мрш од тука. Корона, да ве е*** во уста короништа едни“, вели непознатиот маж.
Само нуклеарка за нас!
pic.twitter.com/uBV9HkvZBU
— Frank Castle (@skopskipunisher) January 29, 2020
На видеото реагираше таткото на Град Скопје, Петре Шилегов кој преку својот Фејсбук профил истакна дека Скопје нема да толерира вакво однесување и ги повика надлежните да поведат истрага за овој инцидент.
Тој додава дека овој ксенофобичен испад на сограѓанин кон туристите е срам за градот и земјата, како и спротивност на се’ што Скопје е – град на солидарноста, космополитизмот и заедништвото.
