И денеска продолжуваат протестите против францускиот предлог.
Демонстрантите и партијата Левица денеска ќе се движат од Собрание до Влада, потоа пред Министерството за надворешни работи и повторно ќе се вратат пред Собранието на Македонија, додека пак се очекува и обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во 19 часот пред Владата.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потенцираше дека протестот е демократско право и може да го организираат, но никако не смее да организираат насилства и рушење на државата и уставниот поредок.
„Секој напад ќе биде најстрого санкциониран. Посебен апел до сите политички субјекти во државата на одговорен однос, бидејќи тие се задолжени да бидат и најодговорни“, наведува Спасовски.