ВИДЕО: Лидија Кочовска ја отпеа омилената празнична песна со своите родители

Пејачката Лидија Кочовска за Бадник објави видеово кор со мајка ѝ Невена, која боледува од Алцхајмеровата болест и татко ѝ Панче, ја пејат омилена празнична песна Las maňanitas.

„Нека ни е за многу години. Христос се роди. Паричката нека ѝ донесе најмногу здравје на мајка ми. Сè уште солидно звучиме во триглас. Ве сакаме од срце. Среќен Божик“, напиша Лидија.

Невена и Панче Кочовски беа дел од легендарниот ансамбл  „Мањифико”, кој стана свестки популарен, со обработките на латино-американските песни.