ВИДЕО Матна и кафена вода тече во битолското основно училиште „Крсте П. Мисирков“

Вака изгледа водата што тече во санитарните простории во Основното училиште ОУ Крсте П. Мисирков – Бистрица во Битола, според фотографиите што се шират на социјалните мрежи.

Од приложеното се гледа дека водата е заматена и со кафеава боја, што отвора сериозни прашања за квалитетот и безбедноста за употреба, особено во училишна средина.

Реакциите во јавноста се засилија откако Габриела Илиевска објави дека станува збор за проблем што може да има и здравствени импликации, повикувајќи на итна реакција од надлежните институции.

Засега нема официјално соопштение за причините за ваквата состојба, ниту дали водата е безбедна за користење. Не е познато дали ќе бидат преземени мерки како привремено затворање на објектот или обезбедување алтернативно водоснабдување.

Стручните лица во вакви ситуации најчесто препорачуваат водата да не се користи за пиење или хигиена сè додека не се направат анализи и не се утврди нејзиниот квалитет.

Се очекува инспекциските служби да излезат на терен и да дадат конкретни насоки, со цел да се заштити здравјето на учениците и вработените.