ВИДЕО: „Матрикс 4“ доби поднаслов

Филмското студио „Ворнер брос“ го откри поднасловот на четвртиот дел од еден од најпопуларните филмови „Матрикс“.

Главниот лик Нео повторно ќе му припадне на Кијану Ривс, како и во претходните три дела.

Новото остварување носи назив „Матрикс: Воскреснувања“ (The Matrix: Resurrections). 

Според трејлерот објавен претходно, Нео се наоѓа во монотон свет, сличен на реалноста во првиот дел од филмот. Главниот лик ја среќава својата сакана Тринити во кафуле, но не ја препознава…

Филмот, според најавите, ќе почне да се прикажува од 22 декември оваа година.