Синоќа во Коњарник се случи драматична филмска потера која кулминираше со апсење на провалник фатен во стан на постара жена.
– Видовме како едно лице упадна во стан на постара жена во Коњарник, повикавме полиција и беше фатен на раскрсницата кај пекарата Нешиќ. Истото лице упаднало во неколку станови, а при упадот со шрафцигер избодел повозрасно машко лице на Медак – напишал еден корисник кој видеото од бркотницата го споделил на својот Инстаграм профил moj_beo_grad_.
Како што додава, за среќа крадецот ги забележал и излетал од станот, па немал време да и наштети на жената.
