Свет

ВИДЕО Мечка напаѓа луѓе на улица, во овој град прогласена е вонредна состојба

ВИДЕО Мечка напаѓа луѓе на улица, во овој град прогласена е вонредна состојба
Две лица се во болница откако биле нападнати од мечка во словачкиот град Липтовски Микулаш, соопштија од итните служби, пренесува Би-Би-Си.   49-годишна жена се здобила со повреда на рамото, додека 72-годишен маж се здобил со рана на главата. Извештаите велат дека полицијата ја бркала мечката надвор од градот и во шумата.  
https://twitter.com/CBSNews/status/1769785843990823297
  На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа како мечката скока преку патот и во еден момент се нафрли на човек на тротоарот. Градот прогласи вонредна состојба, пишува CBS.   Веста доаѓа еден ден откако 31-годишна Белорусинка почина обидувајќи се да избега од кафена мечка во планините Ниски Татри.  
https://twitter.com/ThisIsSlovakia_/status/1769357782627545182
  Истражувачите велат дека нема зголемување на проценетата популација на мечки во Словачка, која според нив останува стабилна на околу 1.275.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни