Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се исмеваше со министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, велејќи дека се обидел да ја „запали“ германската министерка кога сакал да ја бакне по средбата во Берлин.
На видеото објавено во медиумите се гледа како Грлиќ Радман се обидува да ја бакне шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок за време на заедничката фотосесија со учесниците на европската конференција во четвртокот, која изненадена ја врти главата од него.
„Што би рекле во Србија: тој се обиде да го започне. Катастрофа. Тоа никогаш никому не му се случило. Катастрофа. За среќа, Германците се резервирани луѓе. Додека не пукнат“, изјави Милановиќ на новинарите.
Одговарајќи на прашање за именувањето на хрватските воени дипломати, Милановиќ рече дека негова „должност“ е да го праша премиерот Андреј Пленковиќ зошто нема предлог за воено аташе во Москва.
„Бригадниот (Жељко) Акрап отиде во пензија. Нема никој. Таму како да е фер ден, а не војна. … Во Киев немаме воено аташе затоа што никој во Министерството за одбрана или владата не се сети на тоа“, рече Милановиќ.
Тој посочи и дека Хрватска е без воено аташе во Белград. „Како е тоа можно? Ги именувам, но ХДЗ мора да ги предложи во оваа ситуација. Зошто не го прават тоа? Човекот ја напушти Москва пред една година. Што прават тие? Бакнежи?“, рече Милановиќ.
На новинарско прашање за изборите во Србија, Милановиќ рече дека е важно да се работи на подобрување на односите меѓу двата народа, Хрватите и Србите.
„Без братство и единство од тој вид, без Југославија. Но, за два народа кои не можат да бидат послични отколку што се, ова да го сфатат како голема предност и можност, а не како проклетство“, додаде тој.
Gelebte feministische Außenpolitik!
Vielleicht hat sich Frau #Baerbock einfach zu lasziv verhalten mit ihrem Lächeln und das Paarungsverhalten von Gordan Grlic-Radman angeregt?
Dabei wollte er doch nur eine Außenministerin von innen erleben. So viele gibt ja nun mal auch nicht! pic.twitter.com/wR0bDoXdba— #StandWithGermany (@Doctor_Germany) November 3, 2023