Свет

ВИДЕО: Морето кај Истанбул наеднаш се повлекло за 25 метри

ВИДЕО: Морето кај Истанбул наеднаш се повлекло за 25 метри

Мраморното море кај Истанбул наеднаш се повлекло за 25 метри, што предизвикало загриженост кај жителите. Инжинерскиот факултет во Истанбул го соопштил настанот, велејќи дека повлекувањето на морето не е поврзано со земјотресот што пред повеќе од една недела го погоди југот на земјата.

„Поради центарот со висок притисок кој се наоѓа на запад од Турција, ветерот подолго време дува над Истанбул од север кон југ, односно Мраморното Море.

Според Главната управа за метеорологија, интензитетот на овој ветер е 20 километри на час. Ветерот постојано ја носи површинската морска вода од брегот на Мраморното Море на европската страна на Истанбул на југ. Поради ова, нивото на водата се намалува и се повлекува на северниот брег на Мраморното Море во правец кон Авчилар, додека нивото се зголемува на јужниот брег на споменатото море“, соопштија од Техничкиот факултет.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни