На снимката која ја испратија до нас се гледа како еден автомобил вози во спротивна насока на автопатот кај Куманово, пред наплатната станица.
Нашиот читател тврди дека претходно многу од автомобилите со звучен сигнал го предупредувале возачот дека тоа што го прави може да биде опасно и да ја загрози безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Која била потребата да се вози на автопат во спротивна насока, засега останува нејасно.
Инаку ваквиот чин е строго забранет и казнлив. Во Македонија досега имало неколку случаи каде што на автопат се возело во спротивна насока, за среќа не се стигнало до големи трагедии.