Видео на кое е невозможно да се остане ладен: Малите Украинци испратија пораки со благодарност до Европа

Децата кои поради војната мораа да ги напуштат домовите во Украина испратија пораки со благодарност до земјите кои ги примија и им обезбедија нов дом.

„Малите Украинци им се заблагодаруваат на народите со големо срце кои им беа домаќини во ова тешко време. Ние им се придружуваме на нивните зборови на благодарност!“, се појави снимка на Телеграм.

На видеото се гледа како децата им се заблагодаруваат на сите што им помогнале на различни светски јазици.


„Иднината на Украина е во Европа. Ви благодариме“, се вели во пораката на крајот од видеото, во која се наведени земјите кои и помогнале на Украина и на Украинците.