На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледа моментот кога возачите на камиони виделе облак од амонијак кој брзо се шири, откако воз со амонијак излета од шините во Србија.
На социјалните мрежи се појави видео кое наводно го покажува моментот кога возачите на камиони виделе облак од амонијак кој брзо се шири, откако воз кој превезувал амонијак излета од шините. Пожарникарите утринава пронашле тело на непознато лице во близина на пругата во Пирот.
На видеото се гледа како возачот вози наназад, а од страна се гледаат две лица како бегаат од облакот со амонијак, додека еден од нив тешко оди.
Групацијата Еликсир, сопственик на амонијакот што истече кај Пирот, го објави соопштението кое го пренесуваме интегрално.
„Во неделата на 25 декември околу 16:30 часот излетале од шините 4 од вкупно 20 вагони на товарен воз кој превезувал амонијак натоварен во Бугарија.
View this post on Instagram