Македонија

ВИДЕО: Националните телевизии ги симнаа камерите пред премиерот Ковачевски – зошто бојкотираат?

ВИДЕО: Националните телевизии ги симнаа камерите пред премиерот Ковачевски – зошто бојкотираат?

Националните медиуми (Сител, Канал 5, Алфа, Телма и Алсат) ја бојкотираат работата на Владата и министерствата, па на денешната прес конференција за време на обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски, камерите на националните медиуми завршија на земја.

Според наши информации, медиумите ја бојкотираат Влада и работата на министерствата барајќи да се укине членот од Законот со кој се забранува пари од буџетот да завршат во медиумите.

Останатите медиуми кои зрачат преку кабел, сателил или останати платофрми продолжуваат со редовното известување за активностите на Владата.

Здружението на новинари претходно излезе со соопштение дека се против укинување на овој член од законот.

Членот беше додаде кога на власт дојде СДСМ, со цел да се врати објективноста и непристрасноста во информирањето.

Милиони евра се слеваа во медиумите во време на ВМРО-ДПНЕ.

Изминативе денови, во ТВ Дневниците на националните телевизии ги нема стандардните прилози за работата на Владата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни