Небото над Западна Австралија вчера стана интензивно црвено. Неверојатната снимка брзо се прошири на социјалните мрежи, а зад овој необичен феномен стои комбинација од неколку природни фактори
Сончевата светлина, иако изгледа бела, е составена од цел спектар на бои. Кога поминува низ атмосферата, светлината се расејува од молекули на воздух, капки вода и мали честички.
Кога Сонцето е високо на небото, сината боја доминира бидејќи пократките бранови должини се расејуваат полесно. Сепак, ситуацијата значително се менува кога Сонцето е ниско или кога атмосферата е заситена со честички.
Прашината и чадот го засилија драматичниот ефект
Во случајот со Западна Австралија, големите количини прашина во воздухот одиграа клучна улога. Се верува дека силните ветрови на циклонот Нарела, кој ја погоди Австралија, го кренаа песокот од земјата и го распрснаа во атмосферата.
Ваквите честички предизвикуваат таканареченото Миево расејување, кое дополнително ги нагласува црвените и портокаловите тонови. Поради ова, небото може да добие длабока, речиси крвава нијанса, како што се гледа на снимката.
NO, that's not a filter! The sky turned an eerie shade of red in Western Australia as dust filled the air ahead of Tropical Cyclone Narelle. pic.twitter.com/dCQ2hjFluI
— AccuWeather (@accuweather) March 28, 2026