Свет

(ВИДЕО) Неколку лица се повредени во напад со нож во Германија меѓу кои и политичар познат како критичар на исламот

(ВИДЕО) Неколку лица се повредени во напад со нож во Германија меѓу кои и политичар познат како критичар на исламот

Неколку лица се повредени во напад со нож на плоштад во германскиот град Манхајм, а полицијата презела „голема операција“, јавуваат германските медиуми.

Политичар и полицаец наводно биле избодени со нож, пренесува Аваз.

Во нападот е повреден политичарот Михаел Стурценбергер (59), познат како критичар на исламот, пренесува Билд. Тој стана познат низ цела Германија преку граѓанска петиција против изградбата на џамија во Минхен.

Двапати бил осуден: еднаш за навреда на полицаец, еднаш за поттикнување омраза и омаловажување на верските учења. Од 2013 до 2022 година, Баварската државна канцеларија за заштита на уставот го наведе Стурценбергер во поглавјето „Исламофобија релевантна за заштита на уставот“.

Според полицијата, нападот се случил околу 11:35 часот. Штурценбергер сакаше да учествува на состанокот на движењето „Пакс Европа“ како говорник и, според најавата, да работи „образовна работа“ од 12 до 18 часот.

Набргу по нападот, случајни минувачи се обиделе да го спречат напаѓачот, но тој се ослободил и го нападнал полицаецот, нанесувајќи му повреди со нож во грбот.

На крајот, друг полицаец го застрелал напаѓачот.

Портпаролката на полицијата исто така го потврди инцидентот во Баден-Виртемберг и рече дека нема опасност за други луѓе.

Повредени се вкупно три лица, меѓу кои и еден полицаец чии повреди се сериозни. Сите повредени се пренесени во болница.

На местото на настанот биле присутни спасувачки и итните служби, како и спасувачки хеликоптер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни