Свет

ВИДЕО Неверојатно како куче предизвика пожар во САД

ВИДЕО Неверојатно како куче предизвика пожар во САД

Внатрешна надзорна камера го снимила моментот кога куче во САД случајно предизвикало пожар во куќата откако џвакало надворешна литиум-јонска батерија.

На видеото објавено од пожарникарската служба во Тулса во Оклахома, две кучиња и мачка можат да се видат во дневната соба пред да се запали батеријата. Прво се запалила креветчето на кучето, а огнот брзо се проширил.

Службеникот за јавно информирање на противпожарната служба во Тулса, Енди Литл, рече дека животните избегале преку излезот за кучиња, а според локалните медиуми, семејството исто така било безбедно евакуирано.

„Да немаше врата за кучињата, тие веројатно немаше да преживеат“, изјави тој за локалната телевизија, додавајќи дека куќата е тешко оштетена во пожарот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни