Балкан

ВИДЕО: Новите снимки од Атина го покажуваат целиот ужас од синоќешната тепачка

ВИДЕО: Новите снимки од Атина го покажуваат целиот ужас од синоќешната тепачка

Синоќешниот напад на навивачите на Динамо врз навивачите на АЕК резултираше со смрт, а на крајот на краиштата, беа уапсени речиси стотина лица.

Сега се појавија нови снимки од околината на стадионот кои можеби најдобро до сега го покажуваат обемот на ужасот што се случи.

На видеата се гледа како навивачите на Динамо заедно со навивачите на Панатинаикос бркаат и напаѓаат приврзаници на АЕК.

Потсетуваме, во нападот загина едно лице, а 13-годишно девојче е во болница со сериозни здравствени проблеми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни