Четири млади момчиња од Словенија биле брутално претепани од обезбедувањето на клуб во Крк.
– Страшно е тоа што им го направија. Тепајќи ги така… Па, му го расцепија черепот на момчето. Треба да ги заштитат луѓето и на крајот да ги исфрлат оние што прават хаос, а не ова – вели девојката која била очевидец на тепачката на Крк.
-Младите момчиња ги однела брзата помош. Не знам каква е нивната состојба, лицата им се деформирани од ударите што ги добија. Ги тепале и кога биле во несвест. Се надевам дека ќе одговара за ова – додава очевидец кој за хрватските медиуми тврди дека виновниците не биле фатени на лице место кога дошла полицијата.
Од полициското одделение Крк потврдија дека инцидентот се случил во ноќниот клуб, а од таму велат дека претепаните млади момчиња веќе се пуштени од болница.