Свет

ВИДЕО: Обилни снежни врнежи – аеродромот во Манчестер затворен

ВИДЕО: Обилни снежни врнежи – аеродромот во Манчестер затворен

Аеродромот во Манчестер ги затвори двете писти поради обилниот снег, јавуваат британските медиуми.

„Поради обилните снежни врнежи привремено ги затворивме двете писти. Здравјето и безбедноста секогаш ќе бидат наш главен приоритет, а работата ќе продолжи што е можно поскоро“, се вели во објавата на Твитер.

Метеоролошката канцеларија предупреди дека маглата, лапавицата и снегот би можеле да предизвикаат тешкотии при патувањето во Велика Британија во наредните денови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни