Балкан

ВИДЕО Објавена снимка од наводните напаѓачи како бегаат од косовската полиција

ВИДЕО Објавена снимка од наводните напаѓачи како бегаат од косовската полиција

На социјалните мрежи се појави видео на кое наводно се гледаат вооружените членови на групата која ја нападна косовската полиција како се движат низ планините во непознат правец, а ја пренесоа косовските медиуми.

Како што се наведува во најавите, снимката од дрон е направена од агенцијата Асошиетед прес, а на неа наводно се гледаат напаѓачите на косовската полиција кои се во бегство.

Автентичноста на видеото се уште не е потврдена.

Потсетуваме, косовската полиција во неделата во раните утрински часови беше нападната од група маскирани и вооружени лица, откако органите на редот се обидоа да ги отстранат барикадите поставени во Бањска и Звечан.

Како резултат на конфликтот загинал полицаецот Африм Буњаку, а неколкумина се повредени.

Вооружената група потоа се засолнила во манастирот Бањска, каде се судриле со косовската полиција.

По убиството на нивниот припадник, косовската полиција уби тројца напаѓачи, а неколкумина од нив рани. Шест од нив се уапсени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни