Свет

ВИДЕО Објавена снимка од погребот на Пригожин, гробиштата ги чуваат голем број безбедносни сили

ВИДЕО Објавена снимка од погребот на Пригожин, гробиштата ги чуваат голем број безбедносни сили

Шефот на паравоената формација Вагнер, Евгениј Пригожин денеска е погребан меѓу неговото семејство, соопшти неговата компанија Конкорд Менаџмент. На мрежата „Х“ беа објавени видеа од подготовката и погребот. „Ова се најчуваните гробишта во светот денес“, напиша советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, заедно со видеото на кое се гледаат голем број безбедносни сили надвор и на гробиштата.

Сите кои дошле на погребот морале да поминат низ детектор за метал, а присутна била и специјалната полиција.

„Оние кои сакаат да се простат можат да ги посетат Пороховските гробишта во Санкт Петербург“, се додава во соопштението на компанијата. Владимир Путин не присуствуваше.

Пригожин беше погребан во црн ковчег.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни