Балкан

ВИДЕО од апсењето на возач на Брза помош кај Нови Пазар: Возел марихуана наместо пациенти

Полицијата вечерва пресретнала брза помош што ја користела амбулантата на Здравствениот дом во Рашка и запленила три килограми марихуана, а возачот е приведен.

Полицијата во Нови Пазар вечерва пресретнала возило на брза помош и во него пронашла 3 килограми марихуана.

Дрогата била спакувана во три кеси.

Според информациите на порталот Нова.рс, на стариот пат Нови Пазар – Рашка, во близина на новопазарската населба Шестово, запрено е возило на брза помош со рашки регистерски таблички.

Возачот е приведен во СВР Нови Пазар.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни