Најмалку две лица загинаа во Франција и Шпанија откако поплави, лизгање на земјиштето и пожари погодиле големи делови од јужна Европа.
Големо невреме во Франција
Утрово во француската област Кот-д’Армор било пронајдено телото на 55-годишна жена во автомобил додека се упатувала на работа. Префектурата соопшти дека возилото било однесено од буицата во местото Плумагоар. Пожарникарите во тој регион примиле околу 1.500 повици и интервенирале повеќе од 400 пати поради обилни дождови. Северозападна Франција останала под портокалово предупредување поради дожд и поплави, а во местото Плуха во само 18 часа паднале повеќе од 150 мм дожд. На југот на земјата, во департманот Буш-дy-Рон каде се наоѓа Марсеј, издадено е жолто предупредување. Во Тулон во еден и пол час паднале 92 мм дожд, а во Воклус без електрична енергија останале 10.000 домаќинства. Поради невремето била одложена натпреварот помеѓу Марсеј и ПСЖ, а во Рогнак училиштата биле затворени.
Severe flooding is hitting Meda in Lombardy, Italy, and the situation is worsening day by day. pic.twitter.com/HIRg8KQMRE
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) September 22, 2025
На француското Средоземно крајбрежје буиците ги потопиле улиците, додека на аеродромот во Марсеј повеќе летови биле откажани или пренасочени кон Монпеље, Ница и Лион. Во Авинјон, Карпентрас и Саријанс многу жители останале без електрична енергија, а железничкиот сообраќај помеѓу Мирамас и Авинјон бил прекинат.
Поплави и пожари во Шпанија
Во Шпанија обилни дождови го погодиле Каталонија. Пожарникарите в недела пронашле тело во река во Сан Пере де Риудебитлес додека трагаат по двајца исчезнати чии автомобил бил однесен од водата. Цивилната заштита соопштила и за спасување на 27 лица кои останале заглавени на жичницата кај манастирот Монсеррат по одрони. Националната метеоролошка служба АЕМЕТ соопшти дека во одредени делови од Каталонија паднале до 40 литри дожд на квадратен метар за само половина час. Поради невремето привремено бил прекинат приградскиот железнички сообраќај, а десетици летови во Барселона биле откажани или одложени.
Истовремено, во Галисија пожарникарите и армијата гаселе пожари кои од четврток изгореле повеќе од 1.400 хектари шума во провинцијата Луго.
Невреме и во Италија, климатските промени ја влошуваат ситуацијата
Северна Италија исто така било погодено од силно невреме. Во Милано за време на ноќта паднале 30 мм дожд, а во предградијата Падерно Дугнао и Севезо до 80 мм. Реката Севезо се излеала од коритото, па градските власти ги повикале граѓаните да избегнуваат подземни простории и лифтови и да не излегуваат на улиците. Пожарникарите во Ломбардија и Лигурија имале повеќе од 70 интервенции, претежно поради одрони и поплави. Еден возач бил спасен од поплавен подвозник во местото Турата. Во Милано се поставени мобилни брани, а возовите се прекинати поради безбедносни причини.
Училиштата во Лигурија останале затворени, додека во повеќе од 80 италијански градови сообраќајот бил нарушен поради протести поврзани со војната во Газа. Стручњаците предупредуваат дека поради климатските промени атмосферата може да задржува повеќе влага, што ја зголемува веројатноста и интензитетот на поплавите предизвикани од екстремни врнежи.