Свет

ВИДЕО: Патнички авион со 133 луѓе се урна во Кина

ВИДЕО: Патнички авион со 133 луѓе се урна во Кина

Кинески патнички авион на компанијата „China Airlines“ Боинг 737 се урна во јужниот дел на Кина, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на тамошната државна телевизија.

Засега не е јасно дали има преживеани. Се прецизира дека во авионот имало 133 лица.

Според информациите, на местото на несреќата настанал шумски пожар.

Акцијата за спасување започна. Причините за несреќата се уште се нејасни.

Авионот бил на домашен лет од Кунминг до Гуангжу кога се урнал на рид во провинцијата Гуангкси во југозападна Кина.

Кинеските авиокомпании се меѓу најдобрите во светот во изминатата деценија, според Ројтерс.

Според Мрежата за воздухопловна безбедност, последната фатална несреќа во Кина била во 2010 година. Во тоа време, 44 од 96 лица во авионот загинале во авионска несреќа при слетување на аеродром со слаба видливост.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни