Македонија

ВИДЕО: По 13 неуспешни обиди, компанија од Грција најверојатно ќе бде концесионер на Црна Река

ВИДЕО: По 13 неуспешни обиди, компанија од Грција најверојатно ќе бде концесионер на Црна Река

По 20 неуспешни години, конечно се спроведе повикот за доставување на понудите за концесија на Црна Река. Проектот ќе се реализира со јавно-приватно партнерство, а од две доставени понуди, комисијата една отрфрлила поради недоставена гаранција, по што останала само компанија од Грција.

„Овој ден го сметам за историски ден во нашиот енергетски сектор но и државата. Имајќи ги во предвид случувањата со енергетската криза и последиците од недостигот на глобално ниво и што државите генерално се насочуваат кон искористувањето на домашните капацитети“, изјави на прес конференција министерот за животна средина Насер Нуредини.

Конечна одлука комисијата ќе даде за 60 дена. По тоа период ќе се знае дали концесијата ја добива компанијата од Грција.

До крајот на 2023 година би требало да започне изградбата на ХЕЦ Чебрен. Капацитетот се очекува да биде со минимална инсталирана моќност од 333 мегавати.

Првото производство се очекува да биде ов 2028 и 2029 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни