ВИДЕО: По само три недели добија нов дом, солзи радосници за семејството Весели

-Многу е тешко мајка да има деца, а да нема куќа. Кој има деца и е во ваква состојба знае како е. Многу се изнамачија. Јас имам веќе 60 години, за мене живот нема. Веќе 15 години скитам од врата на врата

-Веќе 15 години одам од врата на врата. Но, на децата не им кажав ништо, им велам дека ќе биде подобро. Дај Боже некој да ни помогне.

Поминаа само три недели откако мајка Нермин побара помош од хуманите луѓе. Нејзината најголема желба стана реалност. Влегоа во свој дом, што го немаа со години. На лицата на петтчленото семејство сега може да се види само насмевка и солзи радосници. Нермин им се заблагодари на сите кои помогнале за нејзиното семејство да има посреќни, а сега во пресрет на зимата, и потопли денови.

„Кога влегов…..не знам, посреќен ден не сум имала. Многу сум среќна. Им благодарам на сите, на ТВ21, на Фахрие, на Елвис Начи. Не ни замислував дека ќе дојдат овие денови. 20 години талкам по туѓи куќи, но не претпоставував дека ќе имам свој дом“, вели Нермин Весели.

И нејзиниот син, Вехап им се заблагодари на сите кои им помогнале, во како што рече, тешките моменти низ кои поминало неговото семејството

„Посреќен ден сум немал досега. Ова не го очекував. Никогаш не претпоставував дека ќе имам свој дом. Му благодарам на Бога и на сите кои ни помогнаа. Благодарност и за ТВ21, Сенад Шабани и Елвис Начи“, вели Вехап Весели.

По емитувањето на сторијата за семејството Весели, во рамките на емисијата „И јас сум тука“, се ангажираше и емисијата од Албанија „Албанци за Албанци“, која помогна семејството да добие сигурен покрив над главата. Семејството Весели сега ќе може да живее мирно во својот нов дом и конечно веќе нема да се грижат за плаќање на киријата, што години наназад им претставуваше најголем проблем.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21