По веста која одекна во јавноста дека Бритни Спирс конечно е слободна, и дека татко и Џејми Спирс се откажал од старателството и управувањето со нејзиниот имот, во јавноста започна да се шпекулира дали оваа вест е точна или на поп ѕвездата и се спрема пострашно сценарио за иднината.
„Всушност нема основа за суспендирање или исклучување на Спирс како старател над имотите и многу е дискутабилно дали промената на старател во овој момент ќе биде во најдобар интерес за Бритни“, се вели во извештајот до кој дошол порталот ТМЗ.
Новиот адвокат пред неколку дена истакна дека пејачката не се чувствува добро и да е прашање на време кога ќе биде повторно психички јака, но овој настан значително ќе го подобри нејзината состојба.
Бритни неодамна се огласи преку својот Инстаграм профил, преку видео во кое играше, а овој танц нејзините обожаватели го нарекоа „слобода“.
Бритни потоа објави цртеж, на кој е прикажана девојка свртена со грб и цвеќе во косата.
