Словенија ја погодија веројатно најлошите поплави во историјата на земјата.
Водата однесе куќи, патишта, дури и мостови. Пожарникарите, припадниците на Цивилната заштита, војниците, полицајците и други сè уште се движат кон затрупаните луѓе, меѓу кои денеска имаше бремени жени, бебиња, деца, стари лица, беспомошни…
Временските непогоди досега однесоа три животи, а првата жртва е постара жена од Камник која надојдената вода ја однела од својата куќа.
Илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани низ целата земја, многумина останаа без струја, вода и интернет.
Рекордна количина на врнежи има во северниот, северозападниот и централниот дел на Словенија.
Опасноста се уште не е помината бидејќи во некои делови на Словенија се уште врне силен дожд.