По повод Ноќта на вештерките, во Чиле се појави оригинална „верзија“ на кралицата Елизабета Втора. 2-годишната Леонор стана вистински хит на празникот откако прошета по улиците на градот Маипу маскирана како покојниот британски монарх.
Вујковците на Леонор, Матео и Аугустин, ја придружуваа малата дама, преправена во кралски чувари.
Мајката на девојчето рече дека не очекувала дека Леонор ќе стане таков феномен на социјалните мрежи.