Околу зградата во која живее екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска има многу полиција.
Се вчитува...
Се вршат патроли, се проверува секое возило кое ќе помине во овој дел, пренесува ТВ21.
Гордана Јанкулоска треба да оди во затвор за случајот „Тенк“, а Врховен суд вчера ја потврди одлуката.
Јанкулоска, пак, преку „Фејсбук“ порача дека за толку полиција нема потреба, и дека таа е дома со семејството и нема намера да бега.
.
