ВИДЕО Полицијата во Сплит упадна на свадба поради пиротехника

Припадници на интервенциската полиција синоќа упаднале на свадба во Вранјицу, населба северно од Сплит. Тие упаднале бидејќи било активирано пиротехничко средство, при што настала материјална штета.

Групата Еуфорија објавила снимка на која се гледаат припадниците на интервенциската полиција во салата каде се одржувала свадбата.

„На крајот се се реши, но младенците и гостите поради необмислениот и опасен потег на својот гостин го изгубија делот од својот ден. Затоа, предупредете ги вашите гости да забавата никогаш не стане опасност“, стои во описот на снимката.

@grupa.euforia Na kraju se sve riješilo ali mladenci i svatovi su zbog nepromišljene i opasne radnje svog uzvanika izgubili dio svoga dana. Stoga upozorite svoje goste da zabava nikada ne postane opasnost! ** POLICIJU NE KRIVIMO, rade svoj posao ** i da, imamo dopuštenje za ovaj video. #policija #vjencanje ♬ original sound – Grupa Euforia

Една личност е уапсена.

Од полицијата објаснија што се случило.

„На 26 април, попладне, било активирано пиротехничко средство фрлено на земја во близина на метален контејнер во Вранјицу. При активирањето било оштетено стакло на автобус на јавен градски превоз кој во тоа време се движел низ улицата покрај контејнерот.

Во автобусот имало неколку патници. Нема повредени лица. Полициските службеници излегле на местото на настанот за утврдување на фактичката состојба. На местото на настанот бил извршен увид. Со оперативна работа бил утврден идентитетот на осомничениот. Тој бил уапсен и доведен во службените простории на полицијата.

Бидејќи бил под дејство на алкохол, тој бил задржан до трезнење. Во однос на околностите на кривичното дело доведување во опасност на животот и имотот со општествено опасна акција или средство, денеска се спроведува криминалистичка истрага“, соопштија од полицијата за „Далмација денес“.