Балкан

ВИДЕО: Поројни дождови поплавија делови од Хрватска

ВИДЕО: Поројни дождови поплавија делови од Хрватска

Обилните дождови зафатија делови од Хрватска во последните денови. Реката Зрмања се излеа од коритото и го поплави градот Обровац.

На видео снимката се гледаат влезните води и луѓето кои полнат вреќи со песок во Обровац за да се заштитат од стихиите. Центарот на градот беше поплавен.

https://youtu.be/MMizaywMuow

Метеоролозите предупредуваат дека следуваат нови врнежи. Премиерот на државата Андреј Пленковиќ изјави дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за да се обезбеди безбедност на населението.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни