ВИДЕО Последните вести на АлЏазира, вака се одјави водителката која соопшти дека по 14 години згаснува телевизијата

По 14 години работење, телевизијата Ал Џезира Балканс денеска згаснува.

Основана во 2011 година во Сараево како дел од медиумската мрежа Ал Џезира од Доха, мрежата, покрај покривањето на светските настани, покриваше и настани во балканскиот регион, со канцеларии во Белград, Загреб, Подгорица, Скопјe, Љубљана и Приштина.

„Целиот тим на Ал Џезира Балканс е горд на секој од 4.970 дена што ги поминавме служејќи им на гледачите и читателите. Секогаш сме се обидувале да бидеме гласот на оние чии гласови не се слушаат, остров на вистината, култура на дијалог и етичко новинарство. Не можевме да направиме ништо од ова без вашата доверба и поддршка. Ви благодариме што сте со нас“, се одјави водителката.