ВИДЕО Пожар проголта покрив на Олимписки стадион во Рио

Пожар избувна на покривот на Олимпискиот велодром во Рио де Жанеиро, при што пожарникарските екипи брзо интервенираа и спречија поголема материјална штета.

Инцидентот се случил рано наутро, а густ чад се издигнувал над Олимпискиот парк, каде се наоѓа објектот изграден за Олимписките игри во 2016 година. На терен биле распоредени повеќе противпожарни екипи кои го локализирале огнот.

Според првичните информации, нема повредени лица. Објектот, вклучително и патеката, останал безбедeн, додека музејскиот дел, како што пренесуваат медиумите, е речиси недопрен.

Велодромот денес се користи како главен тренинг центар за бразилските спортисти, а надлежните ќе утврдуваат што го предизвикало пожарот. Во јавноста се посочува дека сомнителни пожари во оваа област не се реткост.