Пожарот што избувна во реонот на Шуто Оризари, во близина на „Џиџи Комерц“, сè уште не е целосно изгаснат, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според информациите, гори ѓубриште и пластичен отпад, поради што од локацијата и понатаму се издига густ чад, а во околината се шири непријатна миризба.
На терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на целосно локализирање и гаснење на пожарот. Засега нема информации за повредени лица или зафатени објекти.