(ВИДЕО) Приведен „организаторот на нападот“ врз припадниците на КФОР во Косово

Припадниците на специјалната единица на косовската полиција денеска уапсија уште еден Србин, а министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свеќља соопшти дека тоа е еден од организаторите на нападот врз припадниците на КФОР, Милун Миленковиќ – Лунет, за кого рече дека е еден од водачите на криминалот.

По апсењето, сирените се огласија во Северна Митровица. Стотици граѓани излегоа на улиците и нивниот број, како што објави Косово онлајн, расте од минута во минута.

Радио Контакт плус на својот Инстаграм профил напиша дека специјалците фрлиле солзавец, а граѓаните се бунтувале и фрлале камења и други предмети кон службените полициски возила. Оштетени се најмалку три цивилни возила. Полицијата полека се повлекла низ улицата Лола Рибара, а во еден момент се слушнале и истрели.

Ќосев претходно објави дека апсењето наводно било извршено во фризерски салон на улицата Краља Петра, на летот. Според очевидци, полицајци влегле во салонот и извадиле едно лице од зградата.