Свет

ВИДЕО Пукање на автопат во Израел, има мртви! Објавени први снимки

ВИДЕО Пукање на автопат во Израел, има мртви! Објавени први снимки

Израелските сили убиле тројца напаѓачи кои рано утринава отвориле оган врз патниците на автопатот на влезот во Ерусалим.

Најмалку едно лице загина во нападот, а уште осум се ранети.

Неименувани напаѓачи, за кои се верува дека се Палестинци, утринава излегле од возило на автопат и почнале да пукаат со автоматско оружје кон автомобилите заглавени во утринскиот шпиц.

Според првичните информации, терористите го искористиле застојот на автопатот. Тие излегле од возилото и почнале да пукаат во луѓето кои седеле во нивните автомобили.

Се наведува дека двајца терористи биле застрелани и неутрализирани, а третиот кој се обидел да побегне потоа бил лоциран.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни