Балкан

ВИДЕО: Пукање вечерва во Белград, еден од ранетите е Македонец!

ВИДЕО: Пукање вечерва во Белград, еден од ранетите е Македонец!

Македонскиот државјанин Д.Л. (21) e момчето кое вечерва беше пронајдено рането во пукањето во белградската населба Врачар, а тоа најверојатно е случајна жртва во инцидентот, пишуваат српските медиуми.

Според полицијата, во престрелката најпрвин во натколеницата е ранет А.П.(26), а потоа со два куршума во грбот е ранет македонскиот државјанин Д.Л. Истрагата треба да утврди дали тој случајно се нашол на местото на пукањето и бил погоден.

„Ранетиот Д.Л. бил донесен од негов пријател во влез во соседната улица „Новопазарска“. Таму тој го сокрил ранетото момче и повикал полиција и брза помош“, пишуваат српските медиуми, повикувајќи се на извори во полицијата.

Брзата помош и полицијата набрзо пристигнале, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во возилото, на грбот биле видливи две рани од куршуми.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни