ВИДЕО: Русија изврши напад во погонот за авиони Антонов

Градската управа на Киев информира дека „погонот“ за авиони Антонов е нападнат.

Фабриката за производство на авиони Антонов се наоѓа на аеродромот Свијатошин, на околу 10 километри од центарот на градот Киев.

Непроверените видеа споделени на социјалните мрежи покажуваат густ облак темен чад над фабриката.

Градската управа соопшти дека службите за итни случаи се на местото на експлозијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното