Балкан

ВИДЕО: Се урна авион во Бугарија, загина пилотот

ВИДЕО: Се урна авион во Бугарија, загина пилотот

Авион се урна кај Лесново во Бугарија, а пилотот загинал на лице место. Пријавата е пристигнала вчера во 13 часот и 33 минути.

Според првичните податоци, авионот се урнал веднаш по полетувањето. Причината за несреќата се разјаснува. Пилотот Георги Влаиков има 33 години,  искусен инструктор со долгогодишно искуство.

Авионот е едносед и се користи за акробатски фигури во воздухот, информираат од МВР.

На крајот на мај 2019 година, по повод уште еден ваков инцидент, Георги Влаиков за bTV коментираше дека „авионите не паѓаат така“. Тој потоа објасни дека „голем број фактори се акумулирале во многу несоодветна низа во несоодветно време“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни