Дел од улицата „Малуш Косова“ во главниот град на Косово се урна, предизвикувајќи сериозни проблеми во сообраќајот и движењето на жителите во оваа област.
Снимките од местото на настанот покажуваат значителни оштетувања на инфраструктурата, додека причините за уривањето засега не се официјално утврдени.
Од Регионалната компанија за водоснабдување „Приштина“ информираа дека поради лизгање на земјиштето е оштетена и водоводната мрежа.
Поради дефектот, привремено е прекинато водоснабдувањето во повеќе улици, меѓу кои „Мехмет Шпенди“, „Бислим Ислами“, „Дон Стефан Курти“, „Кири“, „Агим Продани“, „Имер Битиќи“ и „Висар Тачи“, сè до санирање на дефектот.