Во романскиот град Сибиу денеска се случи несреќа откако се урна таванот на внатрешен базен во еден хотел.
Досега од базенот се извлечени осум лица, меѓу кои и три деца, но потрагата по лица кои евентуално се затрупани под урнатините сè уште продолжува, пренесува Аџерпрес.
Објектот се наоѓа на излезот од Сибиу кон Рашинари, каде што делови од таванот паднале директно во базенот. Според извештајот на ИСУ Сибиу, на местото на несреќата се ангажирани повеќе амбулантни возила, возила за транспорт на повредени, механизација за отстранување на урнатините, противпожарни возила и полиција.
На терен ќе биде ангажирана и екипа нуркачи.
Повредените лица се пренесени на лекарски преглед и проценка од медицинскиот персонал, додека потрагата по евентуално затрупани лица под урнатините на базенот продолжува.
Според првичните информации, таванот на базенот ненадејно се одвоил и паднал.
