ВИДЕО Се запали црква во Србија: Погледнете ја снимката од пожарот на Бадник

За време на Бадник избувнал пожар во црквата Свети Апостоли Петар и Павле во Шабац, Србија а на местото пристигнало и противпожарното возило. Како што неофицијално дознава Нова, нема повредени ниту значителна материјална штета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Šabac Reporter (@sabac.reporter)

Гори црквата Светите апостоли Петар и Павле во Шабац, а според видеата кои кружат на социјалните мрежи набрзо пристигнале пожарникари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Šabac Reporter (@sabac.reporter)

„За време на вечерашната богослужба во катедралната црква Свети Апостоли Петар и Павле во Шабац дошло до пожар, при што се запалил дел од просторот за палење свеќи, кој се наоѓа во просторијата од десната страна на влезот во црква, пренесуваат медиумите. Пожарникарите и спасувачите брзо пристигнаа на местото на настанот и спречија пожарот да се прошири“, се вели во објавата на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Šabac Reporter (@sabac.reporter)

Засега не се познати причините за пожарот.