Бришењето прозорци е мачна работа, но за оние на висок кат може да биде ризично. Додека на многумина им се врти помислата дека на висок кат треба да го бришат прозорецот и однадвор, има и такви на кои тоа очигледно воопшто не им претставува проблем, вклучувајќи ја и оваа жена која ги бришеше прозорците на врв на повеќекатница со неверојатна лежерност.
Имено, на инстаграм страната moj_beo_grad се појави видео од една госпоѓа како ги брише прозорците на врвот на зграда лоцирана во булеварот Деспот Стефана.
„Кој друг ги вика алпинистите да им ги мијат прозорците“
Иако коментарите беа во шеговит и негативен контекст, таа за среќа вешто си ја заврши работата и безбедно влезе внатре.
Секако, имаше и такви кои застанаа на нејзината страна, а една изјави дека никој не повикува алпинисти да ги бришат прозорците. Секако, прозорците треба да се избришат, но и да се најде побезбеден начин.